Со секира повредил тројца во даночна служба во грчкиот град Козани
Според истите информации, мажот на возраст од околу 45 години влегол регуларно, оставајќи ги неговите податоци, се качил на вториот кат, каде што ја извадил секирата што ја носел во ќеса и започнал да ги напаѓа службениците.
Од засега непознати причини, во даночната служба во грчкиот град Козани, влетал маж и со секира им нанел повреди на тројца службеници, додека пак една жена се повредила во обид да избега – објавија грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничата на МИА од Атина.
Според истите информации, мажот на возраст од околу 45 години влегол регуларно, оставајќи ги неговите податоци, се качил на вториот кат, каде што ја извадил секирата што ја носел во ќеса и започнал да ги напаѓа службениците.
Полицијата го уапсила сторителот, а хоспитализиран се четири лица, тројца повредени во нападот, од кои еден е во сериозна состојба и една жена која паднала по скали во обид да избега.