СО РУБИО, НЕМА ВЕЌЕ „КАЛИБРИ“ ФОНТОВИ Дипломатите во САД ѝ се враќаат на класиката

Актулениот американски државен секретар во својата телеграма остро ја нападнал претходната администрација на Џо Бајден, обвинувајќи ја дека потрошила 145.000 долари за преминување кон поелегантниот фонт Калибри, кој го воведе поранешниот државен секретар Ентони Блинкен.

83

Државниот секретар на САД Марко Рубио наредил во дипломатската преписка повеќе да не се користи фонтот Калибри, туку да се врати класичниот Тајмс Њу Роман. Одлуката, испратена до сите амбасади и конзулати, ја означува новата насока на американската дипломатија кон „враќање на традицијата и професионалноста“.

Рубио во својата телеграма остро ја нападнал претходната администрација на Џо Бајден, обвинувајќи ја дека потрошила 145.000 долари за преминување кон поелегантниот фонт Калибри, кој го воведе поранешниот државен секретар Ентони Блинкен.






– Преминувањето на Калибри беше меѓу најнелегалните, неморалните и најрадикалните примери на диверзитет и инклузија. Тоа беше козметичка корекција што не постигна ништо, освен деградација на дипломатската кореспонденција – порача Рубио.

Блинкен во 2023 година го воведе Калибри со објаснување дека е полесен за читање за лица со оштетен вид. Одлуката беше поздравена од дел од службениците, но истовремено предизвика негодување кај традиционалистите во Стејт департментот.

Според новото правило, сите дипломатски документи, писма и извештаи повторно ќе се пишуваат со Тајмс Њу Роман, освен меѓународните договори и претседателските назначувања, кои ќе се подготвуваат со Куриер Њу во големина 12.

 

Поврзани содржини