МИЦКОСКИ ИМАШЕ СРЕДБА СО РИКЕР Зборувале за потребната поддршка за остварување на стратешките интереси

652

Премиерот Христијан Мицкоски во рамки на посетата на САД се сретна со поранешниот амбасадор Филип Рикер.

„Посетата во Вашингтон ја искористив за средба со поранешниот амбасадор на САД Филип Рикер. Разговаравме за предизвиците со кои се соочува Македонија, поддршката која е потребна за остварување на стратешките интереси. Разговаравме и за потенцијалот кој го нуди регионот за економска и политичка соработка. Мораме да ја менуваме реалноста и да го подобруваме животот на граѓаните“, пишува Мицкоски.






Премиерот на социјалните мрежи објави фотографии од средбата.

Рикер беше  амбасадор на САД во Македонија од 2008 до 2011 година.

Поврзани содржини