🎥 СО ПУМПИ СЕ ВАДИ ВОДА ОД КУЌИТЕ ВО РЕСЕНСКО Граѓани заглавиле со возила во излеани води
30 полски кревети и ќебиња се поделени на привремено згрижените лица поради поплавата во Кичевско. Во Ресенско тим на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) со пумпи ја вадеше навлезената вода од подруми, куќи и објекти.

Евакуираните лица од Прилепска населба се сместени во кичевската спортска сала „Македонија“.

Поплавени беа куќи, објекти и површини во Перово, Дрмени и Царев Двор, а и Голема Река се излеа на повеќе места, а покритично со јака водна струја беше излеана на патот кај Горна Бела Црква.
Дирекцијата сподели фотографии од испумпување вода од поплавените куќи, објекти и дворови, како и од спасување граѓани со заглавени возила во излеана надојдена вода на пониските места покрај речни корита во Ресенско.