СО ПОЛИЦИСКИ ВОЗИЛА И СИРЕНИ ЈА ИСПРАТИЈА ВО ГРАДИНКА Доби и прегратка од секој полицаец (ВИДЕО)

Мајката на Ана знаела за ова изненадување и заедно со својата ќерка влегла во едно од полициските возила, кои ја однеле до градинката.

512

Со 20 мотоцикли и 5 полициски автомобили Ана Столински беше испратена на првиот ден во градинка од страна на колегите на нејзиниот починат татко, полицискиот детектив Девид Столински.

Додека Ана се подготвувала за првиот ден во градинка во Лаверн, град во Тенеси, САД, колегите на нејзиниот татко кои свиреле со сирените, се упатиле кон нејзиниот дом. Нејзиниот татко починал од срцев удар во 2021 година, додека бил на должност. Ана требало да тргне во градинка, па неговите колеги го направиле она што доколку тој би бил жив ќе го направел за својата ќерка.






Мајката на Ана знаела за ова изненадување и заедно со својата ќерка влегла во едно од полициските возила, кои ги однеле до градинката.

Полицајците биле наредени пред градинката и сите ѝ подариле на Ана по една искрена прегратка, како сила за новиот почеток.

Поврзани содржини