Со парите за новогодишно украсување, Куманово на децата ќе им купи таблети за онлајн настава

Околу 30.000 евра ќе завршат кај оние на кои им се потребни за поуспешно да ја следат онлајн наставата, најави градоначалникот Максим Димитриевски.

1,321

Општина Куманово ќе купи таблети и друга електронска опрема за учениците од ранливите семејства, со парите коишто се предвидени за новогодишно украсување на градот и правење на огномет.

За истата намена ќе бидат потрошени и парите кои се предвидени за организирање на концерт на градкиот плоштад по повод Денот на ослободување на Куманово, 11 Ноември, а нема да се одржи поради ковид-кризата.






Општината во минатите години трошеше околу 10.000 евра за ангажирање на регионални пејачи за концертот на плоштадот, а за украсувањето на градот 20.000 евра.

– Оваа година решивме парите да ги преманениме. Веќе до Советот дадов предлог со ребалансот на буџетот овие средства да се пренаменат за обезбедување и набавка на таблети и друга електронска опрема, којашто ќе се користи за онлајн наставата за учениците во нашата општина – изјави градоначалникот Максим Димитриевски.

Куманово годинава ќе има скромна прослава по повод 76- годишнината од Денот на ослободувањето и 501 година од постоење на градот.

Извор: kumanovonews.mk

 

Поврзани содржини