„СО ПАРИТЕ НА ВАЊА САКАЛЕ ДА ИМ ОБЕЗБЕДАТ СВАДБИ И ПОГОДНОСТИ НА СВОИТЕ ДЕЦА“ Биле уверени дека никој никогаш нема да дознае за ладнокрвните убиства, тврди обвинителката

Обвинителката во завршните зборови рече дека обвинетите сториле две грабнувања и две убиства, а таткото Ѓорчевски едно кривично дело грабнување. Манев, Кешишев и Видевски во исказите дадени во Обвинителството посочиле на кој начин ги извршиле злосторствата, а Видевски потврдил дека Александар му дал информации на Палевски за движењето на ќерката Вања на критичниот ден.

8,197

Убиството на дете не е само суровост, тоа е напад врз човечноста. Чин што не може да се оправда. Морбидните дела ја потресоа јавноста. Манев, Боре, Кешишев и Палевски сковале филмско сценарио.

Со овие зборови обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска ги почна завршните зборови со кој привршува судскиот процес за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски што се случија во ноември 2023 година.






– Најпрво сакале да обезбедат возило, кое нема да биде барано, кое нема брзо да биде пронајдено. Анализирајќи неколку месеци, одлучиле да го грабнат Панче, кој има „цитроен“ со голем гепек, а живеел сам. Со тоа возило во петокот на 24 ноември се обиделе да го грабнат девојчето, откако таткото претходно им кажал дека секој петок таа сама оди на училиште. Не успеале да ја грабнат во петокот, но не се откажале. Кога инцидентно во неделата ја добиле информацијата од Александар дека во понеделник на 27 Вања по исклучок ќе оди сама на првиот час, во неделата вечер Манев и Видевски експресно пристигнале од Велес во Скопје, за утрото да го извршат злосторството. Со „рено кангото“ и со „цитроенот“, во понеделникот наутро, со радио-станици за комуницирање, со оставени телефони, тргнале да ја грабнат Вања. Ја убиле и Вања, брзо, ладнокрвно, сигурни во монструозниот план дека никој никогаш нема да дознае за злосторот. Немале никакво чувство, иако и самите имале деца, немале чувство кон Вања. Сакале со парите за Вања на своите деца да им обезбедат свадби, погодности – рече обвинителката.

Таа во својот говор ги повтори сведочењата на обвинетите, како и на другите сведоци. Повтори дека Манев го познавал Панче од порано, кога му правел некои градежни работи, при што Жежовски му останал должен 500 евра. Панче живеел на 500 метри од Манев, имал одржувано возило со голем гепек, какво што им требало за злосторството, рече таа.

– Откако го убиле Панче, не се предомислиле за понатаму. Го закопале во дупка и продолжиле со злосторствата. Убиле невино дете, кое ништо не им згрешило. Таткото, омилениот родител на Вања, сигурно тврдел дека таа е киднапирана, не ни прашал за Миња, тргнал демек да ја бара, не кажал каде оди, а тргнал по истиот пат по кој оделе убијците. Кога полицијата ги поврзала двете возила, „реното“ и „цитроенот“, обвинетиот Палевски на 30 ноември тргнал да бега, наводно за да оди на преглед, иако немал возило. Од Белград избегал кон Турција. Иако во Десна во тоа време имало закажани настани, тој избегал сам. Послушниците оставени од лидерот решиле да кажат што направиле. Кешишев го посочил местото каде што била закопана Вања, Манев посочил каде е закопан Панче. Обвинетиот Видевски потврдил дека Александар му дал информации на Палевски за ќерката – рече обвинителката.

Таа нагласи дека обвинетите сториле две грабнувања и две убиства, а таткото Ѓорчевски едно кривично дело грабнување. На 3.12.2023 на обвинетите им беше определен притвор и беа изведени пред судот. Пред ОЈО Скопје Манев, Кешишев и Видевски во исказот посочиле на кој начин ги извршиле злосторствата. И тие и Александар беа прашани дали имаат потреба од лекар и дали имало полициски пречекорувања, а сите изјавиле дека нема потреба бидејќи се добро и дека немало полициски пречекорувања. Врз нив не било забележливо дека е применета сила, сите добро изгледале.

– Сите рекоа како ги извршиле делата и дека таткото Александар ги дал информациите. Што и како се случило произлегува и од испитувањата на сведоците, инспекторите на истрагата – рече таа и повтори дел од сведочењето на Дејан Димовски, началник на Единицата за насилен криминал, како и од мајката Зориџа Ѓорчевска.

На 27 ноември полицијата направила кризен штаб и ги повикале родителите на детето и наставничката. Мајката пријавила во 8.02 во полиција дека Вања е исчезната, дека не отишла на училиште, за што дознала од наставничката. На полицајците им било чудно однесувањето на таткото Александар, кој цело време повторувал дека Вања е киднапирана.

Полицајците вршеле прверки на околните камери, на 27 и на 28 ноември и заклучиле дека кај влезот на Вања има мртов агол, кој не е покриен со камери. Девојчето не се гледало на камерите како излегува пеш и заклучокот бил дека излегла со возило. Барале по камери и по возила, но не ја забележале. Кога на 28 ноември извршиле увид на запаленото возило, сфатиле дека тоа е на исчезнатиот Панче. Провериле во Сејф сити и виделе дека тој „цитроен“ е снимен три пати во тој период.

– Таткото на Вања рече дека видел сомнително возило на камерите, како и од истото возило од Лукоил во Велес. Но, тоа возило по ништо не било сомнително. Тој објаснувал дека тоа возило било тазе вклучено. Чудно било и како Александар помислил дека тоа возило е сомнително, кога таму не се гледало ниту девојчето ниту возилото по нешто се разликувало од останатите. Кога полицијата сфатила дека запалениот „цитроен“ кај Бразда поминувал и пред зградата на Вања, виделе и возило пикап заедно со „цитроенот“. Во тој момент „цитроенот“ не бил поврзан со убиството на Вања – рече обвинителката.

Таа повтори дека Кешишев плачел и рекол дека е лош човек и дека ги однел полицајците кај опожарениот „цитроен“.

– Зачудувачки било како точно го знаел местото, иако претходно рекол дека не знае каде е запалено. Полицајците го прашале што сака да им каже, тој покажал со главата кон еден рид. Им рекол таму да бараат, а тој се свртел, не можел да гледа. Еден полицаец отишол по лопата, копале до моментот кога слушнале тап удар и виделе глава на девојче. Продолжиле со рачно откопување и ја откриле Вања, која била со врзани раце и нозе и со селотејп по устата – додаде обвинителката.

Видевски и Кешишев им рекле на обвинителите дека таткото Александар давал информации.

Во телефонот на Александар имало порака до Вања дека следното утро ќе биде студено, па да се облече со хулахопки, капа, шал, топла облека. Пораката била многу симптоматична, бидејќи ѝ давал совети да се облече како за планинарење, а не како за на училиште, кое било на 5 минути до домот, коментира обвинителката.

Таа повтори дека мајката Зорица рекла дека кога се разболела мајка ѝ, решила да го продаде станот на улицата Наум Наумовски Борче, на што Александар се противел. Тој рекол дека така ќе се раситни имотот на децата. По некое убедување, таа му го препишала станот нему. Тој го издавал и ја земал киријата. Потоа Зорица побарала станот пак да се префрли на нејзино име, но се договориле едниот стан на Партизанска да биде на едното девојче, а другиот на другото.

Александар ги средил документите, но никогаш не ја довршил работата на нотар. Зорица почнала да реновира. Го продала станот на Бојмија, покрила долгови, купила кола, 15.000 евра потрошила на реновирање, а 30.000 евра орочила во банка. Кога се вселила, барала од Александар да го солемнизираат договорот на нотар, бидејќи нема каде да се паркира.

– По распоред Миња секогаш во петок одела од втор час. Во неделата класната на Миња им пишала дека во понеделник нема да имаат прв час. На 27 ноември Вања излегла во 7.20, а Миња требало да излезе подоцна. Зорица ѝ рекла на Вања да ѝ се јави после класниот час, на кој требало да се реши ситуацијата околу некој учебник. Зорица тргнала на работа, кога наставничката ѝ пишала дека Вања не дошла на школо. Тргнала да бара, ги проверила апликациите каде последен пат е видена, му се јавила на Александар по пат, тој брзо се симнал, што ѝ било чудно, со оглед дека Александар секогаш доцни. По пат пријавила во полиција. Потоа Миња ѝ се јавила, разбрала дека Вања не е во школо. Тргнале да бараат, проверувале пораки, а Александар го немало. Подоцна рекол дека бил во Сарај, Арачиново, кон Блаце. Пишал и смс на бројот на Вања, до киднаперите за тоа колку пари бараат. Во 11 часот Зорица објавила на Фејсбук дека детето го нема, со податоци. Александар цело време ѝ велел дека Вања е киднапирана, кога го прашале зошто мисли така, тој рекол нема што да биде друго. Разгледувале разни опции, да не е избегана поради проблемот со учебникот, да не е некаде со некого… – повтори обвинителката.

Манев им покажал на полицајците каде е закопан Панче.

– Да не бил тој, немало никогаш да го најдат. Викнале и пожарникари за да го откопаат. По три часа го откопале телото – додаде обвинителката.

Според неа, специфична била снимката од Велес, на која се гледал Панче, а сведокот Гоце Трајковски која ја обезбедил снимката, им рекол на полицајците дека негов братучед работи на пумпата.

– Гоце и Александар им испратиле и снимка од трафика спроти влезот на зградата, што било точно, но останало непознато како Гоце и Александар го сфатиле тоа. Сопственикот зачудено констатитрал дека во објектот нема струја, а претходниот ден имало. Сопственикот констатирал и дека кабелот од камерата бил исечен. Го зеле ресиверот, но на него немало ништо, сите снимки биле избришани – рече обвинителката.

 

НЕ ПОСТОИ СНИМКА ОД ЖЕЖОВСКИ НА БЕНЗИНСКА ПУМПА ВО ВЕЛЕС Паѓа во вода тврдењето дека бил снимен жив дента кога бил убиен

Поврзани содржини