Со падот на системот Гугл денеска загрижи милијарди луѓе и огромен број компании

Според Би-Би-Си, многу поединци и компании за своите основни апликации за работа се потпираат на сервисите на Гугл, како што се е-поштата и календарите.

774

Денешниот полчасовен пад на системот за апликации на Гугл низ целиот свет, вклучувајќи ги и ЈуТјуб, електронската пошта и Документи, кога корисниците не можеа да пристапат до нив, предизвика голема загриженост кај милијарди луѓе и огромен број компании.

Прекинот почна во текот на утрото во Велика Британија, а корисниците ширум светот пријавија проблеми со Џ-маил, Гугл Драјв, Андроид Плеј Стор, Мапс и многу други.






Според Би-Би-Си, многу поединци и компании за своите основни апликации за работа се потпираат на сервисите на Гугл, како што се е-поштата и календарите.

Гугл не објасни зошто беше попречена работата на нивните сервиси, иако падот погоди повеќе од две милијарди корисници кои се загрижени за нивните деловни и приватни податоци складирани од сервисите на Гугл. .

Проблемот со сервисите на Гугл можеби траеше кратко, услугите не беа достапни помалку од еден час, но тоа беше вознемирувачко потсетување за тоа како милиони луѓе станаа зависни од виртуелни услуги.

Компаниите што се одлучија за платформата Гугл Клауд ќе бидат загрижени за денешниот инцидент, без оглед колку е краток. Тие ќе побараат објаснување за да знаат што точно тргнало наопаку и да добијат гаранции дека тоа нема да се повтори.

Ваквите дефекти во системите на Гугл се ретки, иако проблем со некои сервери и во јуни 2019 година им предизвикаа тешкотии на корисниците во САД. Во овој случај, виновникот беше промената во поставките на серверот што требаше да се примени на неколку уреди во одреден регион, но тој случајно се применил на многу повеќе, наведе Би-Би-Си.

Поврзани содржини