📷 СО ОЛКАВА КОРУПЦИЈА МОЖЕ САМО ДА СОНУВАТЕ ВЛЕЗ ВО ЕУ Холандскиот амбасадор Коп му ја плесна вистината на Али Ахмети
Дипломатот му рекол на Ахмети дека не смее да има политичко мешање во изборот на претседател на Врховниот суд.
Холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп објави фотографија од заедничка средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кому, директно в лице му кажал дека со вакво ниво на корупција и владеење на правото Македонија не треба воопшто да очекува влез во Европската Унија.
Дипломатот му рекол на Ахмети дека не смее да има политичко мешање во изборот на претседател на Врховниот суд.
Според фотографијата, средбата се одржала во партискиот кабинет во седиштето на ДУИ.
„Амбасадорот Дирк Јан Коп се состана со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за да ја пренесе пораката дека по двегодишниот постојан пад на владеењето на правото, посветеноста на Северна Македонија за членство во ЕУ е во ризик низ политичкиот спектар. Исто така, непотребното политичко влијание врз позицијата на претседателот на Врховниот суд, што е судско прашање, е неприфатливо и ќе добие силна реакција од Холандија“, напиша Јан Коп по средбата.
Законот за ветинг за судиите, обвинителите и политичарите е подолго време во Собранието, но ЕУ првично имаше резерви во овој процес. Што се однесува до Врховниот суд, во надлежност на Судскиот совет е да постапува според законите без било каков внатрешен или надворешен притисок. Ова го порачал лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети на денешната средба со холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп, информираат од ДУИ.
За средбата на Ахмети и Коп, претходно објави и Холандската амбасада во земјава, посочувајќи дека холандскиот амбасадор „пренел порака дека посветеноста на Северна Македонија за членство во ЕУ е загрозена по постојаниот пад во владеењето на правото во земјава“, како и дека „неприфатливо е несоодветно политичко влијание врз позицијата на претседателот на Врховниот суд“.
На средбата, како што информираат од ДУИ, Ахмети и Коп, разговарале за влијанијата на истокот во регионот, владеењето на правото, реформите, како и важноста од европската интеграција.
Владеењето на правото и проверката за сите судии и обвинители, како што информираат од ДУИ, било дел од разговорот на средбата на Ахмети со амбасадорот Дирк Јан Коп.
– Законот за ветинг за судиите, обвинителите и политичарите е подолго време во Собранието, но ЕУ првично имаше резерви во овој процес, повикувајќи се на примерот со Република Албанија. Што се однесува до Врховниот суд, Ахмети истакна дека во надлежност на Судскиот совет е да постапува според законите. Според извештаите, до денес имало повеќе дисциплински постапки и во нивна надлежност е да постапуваат согласно законот и без било каков внатрешен или надворешен притисок – се вели во соопштението од ДУИ.