„СО ОГЛЕД НА ТЕКОВНАТА АГРЕСИЈА“ Зеленски ја продолжи мобилизацијата во Украина до 5 ноември
Во соопштението од украинскиот парламент на Телеграм се наведува дека воената состојба е продолжена од 7 август за 90 дена и дека „крајниот рок за општа мобилизација е продолжен и за соодветен период“.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша два закона со кои се продолжува воената состојба во земјата и се продолжува општата мобилизација до 5 ноември, објавија украинските медиуми.
Во соопштението од украинскиот парламент на Телеграм се наведува дека воената состојба е продолжена од 7 август за 90 дена и дека „крајниот рок за општа мобилизација е продолжен и за соодветен период“.
„Ваквите одлуки се оправдани со тековната вооружена агресија на Руската Федерација против Украина“, се вели во соопштението.
Воената состојба во Украина беше воведена на 24 февруари 2022 година, кога Русија започна инвазија на Украина, и оттогаш украинскиот парламент постојано ја продолжуваше, најново до 7 август годинава.