СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ВО КРУГОТ НА КЛИНИКИТЕ Полицијата приведе насилен маж во комплексот „Мајка Тереза“
55-годишник прво се заканувал вербално, а потоа извадил и остар предмет, нема повредени.
Полицијата вчера попладне привела 55-годишен маж во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, откако претходно упатувал сериозни закани кон друго лице и неговото семејство.
Инцидентот се случил околу 13:30 часот. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, мажот прво вербално му се заканувал на 59-годишен скопјанец, а потоа извадил и остар предмет со кој продолжил да се заканува.
Полицијата интервенирала по пријава и го привела осомничениот на местото на настанот.
Од МВР информираат дека случајот се документира и дека против приведениот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Засега нема информации за повредени лица.