Од Градската општа болница „Св.Наум Охридски” вчера било пријавено дека кај нив бил донесен 17-годишник со убодна рана од остар предмет.
– Според неговиот исказ, околу 20.30 часот на ул.„Македонско-Косовска бригада” бил физички нападнат од три лица кои со остар предмет му нанеле убодна рана – велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.