СО НОЖ ПОД ВРАТОТ ЈА ПРИНУДИЛ НА СЕКС Силувано 12-годишно девојче
По предлог на надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Штип определи мерка притвор за осомничениот во траење од 30 дена.
Жител на Кратово обљубил 12-годишно девојче од пробиштипското село Трипатанци. За да го принуди девојчето на сексуални односи, тој извадил нож, го ставил на вратот на оштетената и ѝ се заканил, соопшти Jавно обвинителство на Република Северна Македонија.
Основното јавно обвинителство Штип донело Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години. Обљубата врз девојчето се случила на 14 јануари.
По предлог на надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Штип определи мерка притвор за осомничениот во траење од 30 дена.