СО МОТОРНА ПИЛА СЕЧЕЛ БАНДЕРА ЗА СТРУЈА Полицијата му „стегна“ пријава за предизвикување општа опасност
На 20.5.2025 година во селото Костиндол, пријавениот со моторна пила извршил оштетување на бандера за пренос на електрична енергија и на тој начин предизвикал опасност за луѓето и имотот, соопшти делчевската полиција.
Жител на селото Тодоровци доби кривична пријава за кривичното дело Предизвикување општа опасност затоа што на 20 мај со моторна пила сечел бандера за пренос на електрична енергија.
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Д.Р.(71) од с.Тодоровци, општина Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Предизвикување општа опасност. На 20.5.2025 година во селото Костиндол, општина Македонска Каменица, пријавениот со моторна пила извршил оштетување на бандера за пренос на електрична енергија. На тој начин предизвикал опасност за луѓето и имотот“, соопшти полицијата.