СО МАЧЕТА ВЛЕТАЛ ВО НЕГОВИОТ ДОМ Дедо со пиштол го убил поранешниот зет бранејќи ја својата ќерка

Убиениот пред извесен период се вратил од одлежување на казна затвор и ѝ бил добро познат на полицијата со дебело криминално досие.

990

62 годишен битолчанец утрово со пиштол го уби својот поранешен зет, откако тој насила влегол во неговиот дом во Битола и со нож и се заканувал на бившата сопруга.

Убиениот рано утрото упаднал во домот на таткото на неговата поранешна сопруга и ѝ се заканувал држејќи во рацете мачета. Таткото во тој момент го извадил оружјето и пукал, по што неговиот поранешен зет починал на самото место. Според полицискиот извештај, екипата на Итната медицинска помош само ја констатирала смрт. Убиениот пред извесен период се вратил од одлежување на казна затвор и ѝ бил добро познат на полицијата со дебело криминално досие.






– Денес во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Т.Ѓ. (62) од Битола затоа што околу 05.55 часот во претсобјето од неговата куќа со пиштол пукал и го погодил С.С.(44) од Битола, кој починал на местото. Според пријавеното, претходно С.С. со употреба на сила влегол во куќата на Т.Ѓ. и со остар предмет се заканувал на ќерката на Т. Ѓ, која е негова поранешна сопруга, стои во извештајот на СВР Битола.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Битола. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Поврзани содржини