СО ЛИЧНА КАРТА НА ШТИПЈАНКА ЗЕМАЛ БРЗИ КРЕДИТИ Се запознале на Фејсбук, ѝ ветил работа во странска фирма

Откако на 04 јуни добила телефонски повик од финансиско друштво дека има доспеана рата за кредит, 40-годипната жена сфатила дека била измамена. 

426

Штипјанка на возраст од 40 години вчера во СВР Штип пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 95.000 денари. Според пријавеното, таа стапила во контакт со лицето на социјална мрежа на почетокот на мај 2025 година и притоа се договориле да работи онлајн за странска компанија.

„Како што е пријавено, таа на лицето му испратила фотографии од нејзината лична карта, здравствена легитимација и од нејзината банкарска картичка, по што во наредниот период во неколку наврати во нејзино име било аплицирано за брзи кредити во финансиски друштва, а за пристигнатите пари на нејзина сметка ѝ било кажувано дека по грешка се пуштени и на негово барање ги вадела парите и ги враќала“, информира МВР.






Откако на 04 јуни добила телефонски повик од финансиско друштво дека има доспеана рата за кредит сфатила дека била измамена.

Поврзани содржини