Со комбинирање на „АстраЗенека“ и „Фајзер“ се добива поголема ефикасност во создавањето имунитет
При вакцинирањето со различни вакцини, доаѓа до создавање на многу поголем број на антитела и т.н. Т-клетка.
Комбинацијата на различни видови вакцини за коронавирус значително ја зголемува ефикасноста во градењето на имунитет, соопшти германски Универзитет.
– По студијата спроведена на 250 лица кои ја примија „АстраЗенека“ како прва вакцина и „Фајзер“ како втора, тие беа значително поинтензивни за зајакнување од оние кои ги примија двете дози на „АстраЗенека“ – се вели во соопштението на Универзитетот во Сар.
Различни вакцини произведуваат поголем број антитела
Оваа комбинација, како што е наведено понатаму, постигнува поголема ефикасност отколку двојната комбинација на „Фајзер“.
При вакцинирањето со различни вакцини, доаѓа до создавање на многу поголем број на антитела и т.н. Т-клетка.
Авторите на студијата, кои, според нивните сопствени изјави, биле „изненадени од недвосмислениот резултат“, препорачуваат вакцинација со различни видови вакцини.
Тековната студија треба да се продлабочи, велат авторите
Вакцината на „Фајзер/БиоНТек“ припаѓа на поновата генерација на т.н. „мРНА“ вакцина, додека „АстраЗенека“ спаѓа во традиционалната група на т.н. векторски вакцини.
Според научниците од Универзитетот во Сар, сегашната студија треба да се продлабочи, со цел да се добијат нови знаења за ефективноста по пол или возраст.
Откако Германската федерална комисија за вакцинација препорача на почетокот на април помладите од 60 години повеќе да не се вакцинираат со „АстраЗенека“, се појави проблем кај луѓето кои веќе ја примиле „АстраЗенека“ како прва вакцина. На крајот им беше препорачано да се вакцинираат или со „Фајзер“ или со „Модерна“.