СО КОЈА ЏЕНИФЕР ЌЕ ГИ ПОМИНЕ БОЖИЌНИТЕ ПРАЗНИЦИ БЕН АФЛЕК? Гарнер или Лопез – прашањето е сега!?
За Бен Афлек (53), повторно се наметнува класичното филмско прашање за празниците: кој поранешен би сакале да го сретнете? Одговорот овојпат е јасен: Џенифер Лопез (56) нема да ја очекува холивудската ѕвезда на масата со подароци, туку Џенифер Гарнер (53).
Актерот Бен Афлек и неговата прва сопруга повторно ќе го поминат Божиќ заедно. Секако, нивните три деца – Самуел (13), Фин (поранешна Серафина) (16) и Вајолет (20) – исто така ќе седат покрај елката.
– Едноставно, тие сега имаат убава рутина што им одговара на сите – изјавил за People извор близок до поранешната двојка. И Афлек очигледно ужива во тоа.
– Тој поминува многу време со Џен и секогаш е тука за своите деца. Сите се среќни поради тоа – продолжил тој.
Поранешната двојка веќе го поминала заедно Денот на благодарноста, во Лос Анџелес.
Извор близок до Гарнер објаснил: Како и минатата година, Џен го организираше Денот на благодарноста во својот дом. Бен и неговата мајка беа исто така таму. Џен го прави многу посебен. Таа е толку одлична готвачка, а исто така сака да го има целото семејство заедно и Бен е секогаш добредојден таму.
И покрај нивната разделба во 2015 година и разводот три години подоцна, Гарнер и Афлек сега се во пријателски односи. Еден извор неодамна нагласи: Џен е негова најголема поддржувачка. Им требаа години за да стигнат до оваа точка, но Џен никогаш не се откажа. А сега сè е пријателско и фокусирано на децата.
Да се потсетиме: премиерата на новиот филм „Бакнеж на жената-пајак“ во Њујорк се претвори во вистинско шоу – не само поради Џенифер Лопез во главната улога, туку и поради нејзината изненадувачка средба со поранешниот сопруг Бен Афлек.
Двајцата поранешни сопружници, чија врска беше под лупа во последните месеци, повторно позираа заедно, предизвикувајќи лавина од коментари на социјалните мрежи.
Нивната средба пред камерите беше сè друго освен формална. Прегратки, шепотења во уво, насмевки и нежни допири – секое нивно движење беше внимателно снимено од објективите на фотографите, а снимките веднаш ги преплавија Инстаграм и Тик-Ток.