СО ИГРА ДО ДИЈАГНОСТИЦИРАЊЕ НА АНКСИОЗНИ НАРУШУВАЊА Мајнкрафт помага при стрес и вознемиреност
Раша Алхахтани од Саудиска Арабија страдла од вознемиреност, особено за време на роковите за испити, па нашла начин да си помогне на себеси, а сега помага и на врсниците.
Осумнаесетгодишната Раша Алхахтани од Саудиска Арабија најде начин да им помогне на своите врсници преку видео играта Мајнкрафт и им понуди алатки за препознавање на стресот и вознемиреноста.
Бидејќи таа самата страдла од вознемиреност, особено за време на роковите за испити, Алкахтани разбира со што се соочуваат оние што страдаат од овој проблем. Таа се обидела да се излечи, па така настанал овој проект што може да им помогне на другите, пренесува ПЦ Прес.
Во Саудиска Арабија од неодамна започнале да говорат за ваквите проблеми, така што посетите на психолог сѐ уште се гледаат со скептицизам. Менталните тешкотии можат дополнително да се влошат со ова, а Светската здравствена организација истакнува дека сѐ повеќе млади луѓе страдаат од сериозна вознемиреност.
Точно е дека овие тешкотии можат да се третираат со когнитивно-бихевиорална терапија, во посериозни ситуации и со лекови, а бројот на случаи е зголемен од почетокот на пандемијата.
Мајнкрафт сега може да се користи за дијагностицирање на анксиозни нарушувања. Тестот е вклучен во играта, а Алхахтани направи видео што потсетува на Мајнкрафт: Стори Моуд (Minecraft: Story Mode). Тоа покажува како играчите ги избираат авантурите и како реагираат на нив. Врз основа на тоа, им се доделуваат поени преку кои се утврдува дијагнозата.
Алхахтани за потребите на тестот ја прилагоди скалата за анксиозност на Тејлор, а експертите истакнуваат дека предноста на нејзиниот начин е што испитаниците во играта не чувствуваат притисок, што доведува до тоа дека одговорите на прашањата се попрецизни.