СО ГОЛИ РАЦЕ СИ ГИ ЗАДАВИЛ ДЕЦАТА Хрватска се разбуди со страшно злосторство
Медиумите пишуваат дека родителите на децата се развеле и децата викендов требало да го поминат со својот татко кој ги задавил со свои раце, а потоа посегнал по оружје и се обидел да си пресуди.
Околу полноќ во стан во загрепската населба Млинови, полицијата пронашла три најверојатно задушени деца и нивниот татко кој се обидел да се самоубие, пренесуваат хрватските медиуми.
Од хрватската полиција велат дека околу 2 часот по полноќ во населбата Млинови, врз основа на добиени информации за најавено самоубиство, во стан е пронајден маж кој се обидел да се самоубие поради што е превезен во болница.
„На местото на настанот се пронајдени и три деца без знаци на живот и сомнежите одат во насока на казненото дело – убиство“, се вели во соопштението на загрепската полиција.
Сè уште не е познато кој пријавил во полиција дека нешто страшно се случило во станот на трикатната урбана вила со поткровје, но полицијата и брзата помош веднаш пристигнале на местото на настанот.
Според хрватските медиуми, во спалната соба, на креветот лежело мртвото тело на 4-годишното дете, а двете мали близначиња, момче и девојче, во дневната соба биле пронајдени без знаци на живот. Медиумите пишуваат дека родителите на децата се развеле и децата викендов требало да го поминат со својот татко кој ги задавил со свои раце, а потоа посегнал по оружје и се обидел да си пресуди.
Засега не е познато каква е состојбата на таткото.
Полицијата спроведува истрага, а утрово телата на трите деца се пренесени во Институтот за судска медицина и криминологија, каде што обдукцијата ќе ја утврди причината за смртта.
Јутарњи пишува дека таткото на децата е искусен финансиски консултант кој дипломирал на Donau-Universität Krems и магистрирал бизнис администрација. Работел во некои водечки австриски лизинг компании, но и на менаџерски позиции во Роберт Бош АГ, Алкател АГ и други.