СО ЕЛЕКТРИЧЕН ТРОТИНЕТ ПРЕГАЗИЛА 69-ГОДИШНА СКОПЈАНКА Удрила во жената и побегнала

На булеварот Видое Смилевски Бато била удрена од електричен тротинет управуван од женско лице, кое го напуштило местото, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

869

69-годишна жена се здобила со тешки телесни повреди откако во неа удрил електричен тротинет.

„На 07.08.2023 во 12.55 часот во СВР Скопје, Д.С.(69) од Скопје пријавила дека на 31.07.2023 околу 11.30 часот на булеварот Видое Смилевски Бато била удрена од електричен тротинет управуван од женско лице, кое го напуштило местото. Госпоѓата што го пријавила случајот во полиција се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники Мајка Тереза“, информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани содржини