Со електричен тротинет прегазил жена на Партизанска и побегнал
Жената се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, информираше МВР.
Возач на електричен тротинет удрил во 63-годишната Л.Ј. од Скопје и побегнал, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Вчера во 10.15 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на булеварот Партизански одреди во Скопје електричен тротинет, управуван од засега непознато лице, удрило во пешакот Л.Ј.(63) од Скопје, по што го напуштил местото на незгодата. Л.Ј. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница ‘8 Септември‘. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот“, наведено е во полицискиот билтен.