СО ДИРЕКТНИТЕ ЛЕТОВИ ЌЕ ПРИВЛЕЧЕМЕ ТУРИСТИ И БИЗНИСМЕНИ Министерот Николоски за важноста на новите 11 дестинации кои стартуваат од утре
Министерот Николоски рече дека аква револуција во авиосообраќајот не е видена со децении и затоа ова е најдобар поттик да се работи во следниот период.
Политиките на Владата за привлекување на авиолинии на скопскиот и охридскиот аеродром ги даваат своите резултати. Единеаест нови дестинации од скопскиот и охридскиот аеродрoм почуваат веќе од утре – изјави денеска министерот за транспорт и врски Александар Николоски.
– Сo зимскиот распоред на летање веќе од утре 27 октомври од Охрид ќе се лета кон Базел – исклучително важна дестинација, бидејќи Охрид го отвораме не само за туристите од Швајцарија туку и за туrистите од Франција и Германија, затоа што ова е таканаречениот европски аеродром што ги спојува овие три држави.
Од Скопје ќе се лета кон Стокхолм на главниот аеродром, ќе се лета за Штутгарт, за Бари, Ларнака-Кипар и сето тоа започнува од утре 27 октомври.
А веќе од следниот понеделник од 3 ноември, ќе се лета кон Женева, исклучително значајна дестинација која покрај за туристи, сметам дека ќе донесе и многу бизнисмени во Скопје, понатаму Мадрид, а од 15 декември и кон Прага и Келн.
Ако на ова додадеме дека од април ќе се лета кон Будимпешта и Неапол, ова е целосната слика што ја прави Владата за да привлече нови авиолинии кои што се субвенционирани за оние кои што доаѓаат во Охрид и Скопје, затоа што субвенциите се наменети за патник во доаѓање – рече министерот Николоски.
Според него, ваква револуција во авиосообраќајот не е видена со децении и затоа ова е најдобар поттик да се работи во следниот период.
– Расте бројот на патници на скопскиот и на охридскиот аеродром, расте бројот на туристи во Македонија и вака ќе продолиме да ја развиваме Македонија. Нека е со лесно – рече Николоски и им посака добредојде на сите кои ќе слетаат во Охрид и Скопје.