СО БУЏЕТСКИ ПАРИ СЕКОЈ ВОЗАЧ МОЖЕ ДА БИДЕ ДИРЕКТОР НА ЈСП Славески очекува наесен повторно да бидат побарани средства за помош

Најновото случување од пред неколку дена е манипулација со вработените од страна на раководството на ЈСП“, вели претседателот на Советот на град Скопје, Трајко Славески.

321

Иако субвенциите од 11 милиони евра за плати во ЈСП треба да бидат до крајот на годината, сигурен сум дека наесен повторно ќе се побараат пари, вели во интервју за РСЕ претседателот на Советот на град Скопје и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески.

Според него, факт е дека нема позначителен напредок во услугата што ја добиваат граѓаните во јавниот превоз.






– Најновото случување од пред неколку дена е манипулација со вработените од страна на раководството на ЈСП. Имено, постојат документи, тоа може да се види и во објавата на Службен гласник на град Скопје, дека во ноември, последната третина од ноември, има одлука на Совет на Град Скопје за префрлање на безмалку 2 милиони евра, односно 110 милиони денари за исплата на како што тогаш се објаснуваше ноемвриска и декемвриска плата. И ние сме гласале за таа одлука, сме рекле во ред е, ЈСП добива субвенции од Град Скопје има логика тоа и ќе бидеме мирни до завршување на годината и почетокот на наредната година – вели Славески во интервјуто за РСЕ.

Поврзани содржини