Со боксови ги решавале проблемите

Казни за 20-тина штипјани кои беснееле по градските улици.

448

СЕ ЧУКНАЛЕ ПА БИЛ НАТЕПАН -На 30.08.2020 во 18.20 часот во СВР Скопје, М.С.(46) од Скопје, пријавил дека во 18.15 часот на бул.Илинден, поради претходно случена сообраќајна незгода, бил физички нападнат од Џ.Џ.(33) од Скопје. Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

НАСИЛНО ОДЗЕМЕНИ ПАРИ ОД ТРАФИКА – На 30.08.2020 околу 14.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во трафика на ул.„Филип Втори Македонски“ во Скопје едно лице со закана од вработената одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.






СО ТВРД ПРЕДМЕТ САКАЛ ДА ГО ПОВРЕДИ СОСЕДОТ – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Неготино поднесе кривична пријава против Ј.А.(41) од с.Криволак, неготинско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 31.07.2020 во с. Криволак, пријавениот во дворот од неговиот дом, по претходна расправија, со тврд предмет се обидел да го повреди О.А., но бил спречен од полициски службеници.

ШТИПЈАНЕЦ НАПАДНАЛ ПОЛИЦАЕЦ – СВР Штип поднесе кривична пријава против С.И.(42) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење на службени дејствија“. На 25.06.2020 на ул.„Ванчо Прќе“ во Штип, С.И. физички нападнал полициски службеник.

ПРОНАЈДЕНА ДРОГА КАЈ ЛИЦЕ ОД НЕГОТИНО – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Неготино поднесе кривична пријава против С.А. (30) од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Полициски службеници извршиле преглед во домот и патничкото возило на пријавениот, при што пронашле и одзеле кокаин и таблети „антиестроген“.

КАЗНИ ЗА 20-ТИНА ШТИПЈАНИ КОИ БЕСНЕЕЛЕ ПО ГРАДСКИТЕ УЛИЦИ – На 30.08.2020 во периодот од 08.00 до 14.00 часот од страна на полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип спроведена е акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Од извршената акциска контрола откриени се вкупно 20 прекршоци од нив: 10 возачи управувале со брзина поголема од дозволената надвор од населено место и 10 возачи во населено место. Преземени се 20 мерки за сторените прекршоци. Санкционирани се и 11 останати прекршоци.

ЛИЦА ВО ТЕТОВО ВОЗЕЛЕ БЕЗ ДОЗВОЛИ – Секторот за внатрешни работи Тетово спроведе активности за откривање и санкционирање на лица кои ги управуваат возилата без положен возачки испит. На 30.08.2020 биле откриени седум лица без возачка дозвола, четири чии возила имале истечена регистрација и еден возач-почетник кој не се придржувал на законските ограничувања. На овие и другите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Поврзани содржини