СО АВТОМОБИЛОТ УДРИВ ВО ЖЕНАТА КОЈА БЕШЕ НА ПАТОТ Ѓорѓе Давид со прва изјава по несреќата кај Табановце во која загина 49-годишна кумановка
Удрив со мојот автомобил во сопатникот кој се движеше по автопатот. Беше магла, ги вклучив долгите светла и траеше секунда. Налетав на таа личност која одеше по патот. Од силината на ударот излетав од автопатот и застанав во некои грмушки. За среќа имам силен автомобил, инаку не знам што ќе се случеше со мене, објасни музичарот.
Рок-музичарот Ѓорѓе Давид доживеа сообраќајна несреќа кај Табановце во која трагично загина 49- годишна жена од Куманово.
Ѓорѓе потврди дека учествувал во несреќата и ги откри деталите како се случила.
– Така е, се случи несреќа синоќа на 3 километри од македонската граница. Наводно, девојка и нејзиниот сопатник излегле од своето место и влегле на автопатот во спротивната насока. Возејќи во спротивна насока, девојката налетува на автомобил и директно се судри со него. Во таа прилика тешко е повреден возачот на автомобилот во кој таа удрила, тој сега се бори за живот, додека неговата сопатничка е полесно повредена. Девојката која возела автомобил и удрила во нивниот автомобил е згмечена, полесно повредена. Меѓутоа, нејзиниот сопатник не беше – вели Ѓорѓе и продолжува:
– По несреќата останаа на автопатот, едниот е на левата лента, другиот на десната, а минута и пол потоа ги удрив со брзина пропишана со знакот за автопат и директно ги удрив. Удрив со мојот автомобил во сопатникот кој се движеше по автопатот. Беше магла, ги вклучив долгите светла и траеше секунда. Налетав на таа личност која одеше по патот. Од силината на ударот излетав од автопатот и застанав во некои грмушки. За среќа имам силен автомобил, инаку не знам што ќе се случеше со мене – објасни музичарот.
Ѓорѓе посочува дека полицијата брзо дошла да изврши увид и дека врз него биле извршени сите прегледи за да се утврди дека не бил во алкохолизирана состојба.
– Бев сам во автомобилот. Ми земаа урина, крв да видат дали имам супстанци, алкохол. Се разбира, немав, веднаш го открија тоа. После тоа ме однесоа кај јавен обвинител кој посочи дека немам никаква вина во овој случај. Виновникот наводно е девојката која возела и која наводно била во автомобилот со нејзината мајка која исто така била повредена – рече Ѓорѓе и додаде дека засега престојува во Македонија за да ја почитува процедурата во вакви случаи.
– Морам да бидам тука. Ме чека уште една изјава, а како што ми рекоа од обвинителството, нема да бидам во притвор бидејќи не сум виновен – истакнал Ѓорѓе и додаде дека сѐ уште не може да се свести.
– Синоќа имав благ шок, сега се смири. Никогаш во животот не сум згазнал куче, а камоли ова. Сè уште сум во благ шок, тоа е пекол – признал рокерот и ја открил својата состојба.
– Имам два конци на левата рака поради исекотини од возачкото седиште. Фала му на Бога имам силен автомобил, бидејќи да немав, којзнае што ќе се случеше – заклучил Ѓорѓе Давид, објави Телеграф.
View this post on Instagram
ОЈО: Српски државјанин удрил во жена која била на патот, од повредите таа починала
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид на лице место на тешка сообраќајна несреќа во близина на граничниот премин Табановце во која едно лице го загуби животот.
Според првичните сознанија, иницијалниот судар меѓу два автомобили, фолксваген поло со кумановски и фолксваген голф со скопски регистарски таблици, бил предизвикан кога најверојатно возачот на еден од автомобилите влегол на автопат во недозволена насока.
По тој првичен судар, патничката од кумановското возило излегла од автомобилот и во тој момент на неа налетал автомобил опел инсигниа со српски регистарски таблици. Од ударот жената се здобила со тешки повреди од кои починала.
Издадена е наредба за обдукција на починатата, како и за испитување на примероци од крв и урина на другите учесници кои во моментов се хоспитализирани со полесни повреди. Прибрани се траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење со цел прецизно да се утврдат причините за сообраќајната несреќа.