🎥 ПОВТОРНО СО АВТОМОБИЛ ПРЕГАЗЕНА СТУДЕНТКА НА ПРОТЕСТИТЕ ВО СРБИЈА Млада девојка го предизвика инцидентот
На видео што се споделува на социјалните мрежи и на српските медиуми се гледа како студентите во редарски униформи стојат пред возилото, кое, исто така, стои, а во еден момент тргнува и ја удира студентката, а го поткачува и судентот.
Непозната девојка денеска со автомобил удри студентка на улицата Јуриј Гагарин во Нов Белград, а поткачи и студент, кои во редарски униформи стоеја пред нејзиното возило.
На видео што се споделува на социјалните мрежи и на српските медиуми се гледа како студентите во редарски униформи стојат пред возилото, кое, исто така, стои, а во еден момент тргнува и ја удира студентката, а го поткачува и судентот.
Како што јави репортерот на Фонет, девојката е тешко повредена, свесна е и ја лекува екипа на Брза помош.
Денеска во Србија има генерален штрајк, кој студентите го најавија претходните денови. На штрајкот, покрај универзитетите низ државата и дел од основните и средните училишта, се огласија и многу компании, културни институции, ресторани, мали бизниси, организации… На штрајкот се одѕваа и синдикалците во државните претпријатија и во градските администрации.
Auto udario devojku u ulici Jurija Gagarina pic.twitter.com/wTo1IqQnza
— bgd (@bgd1718384) January 24, 2025
Полицијата во цивилна облека, која ги придружуваше учесниците на протестот во Нов Белград, ја запре жената, која се обиде да побегне. На друго видео се гледа како налутени протестанти го оштетуваат нејзиното возило.
„Жената што го управувала автомобилот исфрлила неколку редари на страна, а повредената девојка ја носела на хаубата“, пренесе Н1.
Граѓаните денеска се собираат во градовите низ Србија за да ги поддржат барањата на студентите, кои бараат одговорност за уривањето на настрешницата на реновираната железнилка станица во Нови Сад, при што загинаа 15 луѓе.
UDARENA STUDENTKINJA PONOVO PA DOKLEEEE BREEEEEE #caosvima pic.twitter.com/keNGXIPMJC
— Buka (@laleisheree) January 24, 2025
На 16 јануари 20-годишна девојка, студентка која учествувала на блокада на улицата „Рузвелтова“ во Белград, беше прегазена од возач на автомобил и беше тешко повредена.
На протестите во Србија досека се случија неколку вакви инциденти со возила.