СО АВТОМОБИЛ ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ Тешко повреден возач од село Дебреште
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во Општата болница во Прилеп.
Вчера околу 11.40 часот било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Македонски Брод, кај с.Ропотово, Општина Долнени, патничко моторно возило „фиат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.И.(38) од с.Дебреште, излетало надвор од патот, информира МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во Општата болница во Прилеп.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.