СО АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ МОЖЕ ДА НАПРАВИМЕ АЛИЈАНСА ЗА ЕВРОПА Ахмети за можното проширување на владината коалиција

Мислам дека парламентарното мнозинство е стабилно, но има и еден поопширен и поперспективен пристап – рече Ахмети.

455

Обидот за влез на Алијансата на Албанците во Владата, претседателот на ДУИ Али Ахмети го објаснува со проширување на мнозинство и создавање на, како што ја нарече, Алијанса за Европа.

– Мислам дека парламентарното мнозинство е стабилно, но има еден поопширен и поперспективен пристап, значи да се прошири тоа мнозинство и да се создаде една Алијанса за Европа – изјави денеска Ахмети.






На прашање за стабилноста на парламентарното мнозинство во контекст на огнената група и пратениците од ДУИ, Амети вели дека тоа (разговорите со АА) нема никаква врска со огнената група.

Синоќа во интервју за ТВ 21 претседателот на Алијанса на Албанците Арбен Таравари изјави дека постои можност АА да стане дел од Владата, а ако тоа не се случи треба да се оди на избори.

Поврзани содржини