СО 61 ПРАТЕНИК Е ОПАСНО ДА СЕ ВОДИ ДРЖАВАТА Тачи вели дека Заев со оставката придонел за дестабилизација на земјата

Сега е добро време Заев да направи напори и сериозно да разговара со претставниците на Беса и на Алтернатива. Потребна ни е силна влада. рече лидерот на ДПА, Мендух Тачи, во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

3,691

Премиерот Зоран Заев со оставката придонесе за дестабилизација на земјава, рече вечерва лидерот на ДПА, Мендух Тачи во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

Тој смета дека таквото однесување на Заев е несериозно.






– Сите ние како коалициски партнери имаме договор со Заев. Несериозно е од негова страна. Имаме сериозни предизвици пред нас, а Заев е лидер кој покажа дека може да ги води процесите напред. Да, ние имаме 61 пратеник, но тоа е опасно за државата. Со 61 пратеник е опасно да се води државата. Немаме стабилност. Сега е добро време Заев да направи напори и сериозно да разговара со претставниците на Беса и на Алтернатива. Потребна ни е силна влада. Се подготуваат црни сценарија и затоа е важно да имаме стабилна влада – рече Тачи.

Првиот човек на ДПА исто така рече дека Заев не ги почитувал доволно Беса и ДПА.

– Ние имаме коалициски договор со СДСМ, а не со ДУИ. Многу од нашите барања кои беа договорени при составувањето на оваа владина коалиција не се реализирани. Но, ние молчевме. Молчевме за да дадеме шанса процесите да одат напред. Но, од Беса се налутија, бидејќи не се реализирани многу кадровски ветувања – истакна Тачи.

Поврзани содржини