СО 3 ВОЗИЛА ОД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ЌЕ СЕ ВРШИ ТРАНСПОРТ НА ПАЦИЕНТИ Тешко повредени од КАРИЛ ќе одат на лекување во соседна земја
„Со помош на нашите три медицински транспортни амбулантни возила кои се комплетно опремени со три медицински тимови, наскоро ќе биде реализиран меѓународен транспорт на тешко повредени пациенти од КАРИЛ до здравствена институција од соседна држава“, соопшти Болницата.
Досега во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се примени четири пациенти, две девојки и две момчиња за кои е обезбедена најдобрата медицинска нега, соопшти Болницата.
„Со помош на нашите три медицински транспортни амбулантни возила кои се комплетно опремени со три медицински тимови, наскоро ќе биде реализиран меѓународен транспорт на тешко повредени пациенти од КАРИЛ до здравствена институција од соседна држава“, соопшти Болницата.
По дознавањето за информацијата за трагичната несреќа во Кочани, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ оформи Кризен штаб кој е во постојана координација со Министерството за здравство.
„Уште од утринава, вратите на нашата здравствена институција се широко отворени за сите повредени пациенти. Целокупниот медицински тим и сите капацитети на болницата се на располагање за да се згрижат повредените лица. Трите медицински возила на болницата од утрово се на терен и се вклучени во медицинскиот транспорт на повредените пациенти до соодветни здравствени институции. Длабоко сочувствуваме со семејствата на сите повредени лица во овој катастрофален настан кој ја потресе целата јавност“, се додава во соопштението од „Аџибадем Систина“.