СНИМКА ОД АЕРОДРОМОТ ВО КАБУЛ Вака изгледа очајот (ВИДЕО)

Пред нападот, САД и сојузниците апелираа до Авганистанците да ја напуштат областа околу аеродромот поради закана од милитантите на џихадистичката група Исламска држава, против која се борат и талибанците.

789

 

Новинарот на Вол Њуз, Гај Елстер објави видео снимка на Твитер направена утрово во близина на аеродромот во Кабул.






„Вака изгледа очај. Огромен број луѓе утрово на аеродромот во Кабул, и покрај вчерашниот масакр. Велика Британија и САД предупредуваат за нови напади“, напиша Елстер.

Повеќе западни земји објавија дека воздушниот превоз сега е завршен, а САД ги затворија влезовите на аеродромот и не успеаја да им овозможат заминување на десетици илјади Авганистанци кои работеа за западните земји во текот на 20-годишната војна.


Американските власти велат дека има околу 5.200 американски војници на аеродромот „Хамид Карзаи“ во Кабул.

Пред нападот, САД и сојузниците апелираа до Авганистанците да ја напуштат областа околу аеродромот поради закана од милитантите на џихадистичката група Исламска држава, против која се борат и талибанците.

 

Поврзани содржини