СНИМКА КОЈА ЈА ЗАМРЗНУВА КРВТА Мајка на три деца загина изведувајќи опасен скок (ВИДЕО)
Евгенија го изведувала овој скок кој спаѓа во екстремните спортови, кои настанаа во деведесеттите години.
Мајка на три деца Евгенија Леонтиева (33), загинала откако скокнала од кровот на хотелот „Караганда“ во Казахстан. Таа изведувала ризичен скок кој спаѓа во екстремни спортови и со огромна брзина удрила во тлото.
Евгенија го изведувала овој скок кој спаѓа во екстремните спортови, кои настанаа во деведесеттите години. Овој скок наликува на скок со банџи и вклучува вртоглави замави со јажето. Меѓутоа, за разлика од банџи скокањето, слободниот пад е подолг, а скокачите често поставуваат сопствени јажиња на карпите, планините или на облакодерите. Јажето е направено од најлон, така што скокачите не отскокнуваат многу.
Евгенија била искусен скокач, но овојпат јажето кое требало да ја одржува во воздух, не било доволно зацврстено.
Евгенија паднала од висина од 25 метри и силно удрила на тлото. Таа веднаш била пренесена во болница каде била оперирана, но за жал брзо починала поради повреди на главата.
Пријателката која требало да скока после неа, вреснала кога видела дека скокот бил неправилен. Евгенија паднала на земја, а потоа удрила во еден ѕид.
Сведоците истакнале дека скокот бил одобрен пред организаторот да има време да го обезбеди јажето.
Покрената е истрага за овој морничав случај.
Напоменуваме дека снимката од скокот и падот на Евгенија е вознемирувачка.
ФОТО: Јутјуб