🎥 СНИМЕН МОМЕНТОТ НА ЕРУПЦИЈА НА ВУЛКАНОТ ВО ИСЛАНД Евакуирани 4.000 жители на Гриндавик
Новата ерупција на вулканот на полуостровот Рејкјанес е четврта во последните две години.
Вулканот во југозападен Исланд еруптираше вчера по неколку недели интензивна сеизмичка активност, соопшти државната метеоролошка служба.
Властите евакуираа речиси 4.000 жители на рибарскиот град Гриндавик поради голема акумулација на магма и ја затворија блиската геотермална бања „Блу лагун“ на островот Рејкјанес.
„Ерупцијата започна северно од Гриндавик во близина на Хагафел“ – објави Метеоролошката канцеларија на својата веб-страница.
На снимките и во директните преноси на локалната новинска агенција РУВ се гледа како излегува лава од вулканот и се шири на околината.
Новата ерупција на вулканот на полуостровот Рејкјанес е четврта во последните две години.