СНЕЖНО НЕВРЕМЕ СЕ ОЧЕКУВА ВО САД Температурите ќе паднат и до 30 степени под просекот

Температурите ќе бидат од 20 до 30 степени под просекот во северноамериканските држави, посочува НМС.

436

Големо снежно невреме ќе ги зафати САД во следните 24 часа, па температурите на места ќе бидат и до 30 степени под просекот, предупредија денеска метеоролозите.

Постои ризик од обилен снег, дожд и силно невреме, од сојузната држава Тенеси до Охајо, во периодот од денеска до среда, соопшти Националната метеоролошка служба (НМС).






„Некои градови ќе бидат во поларна арктичка клима во следните 48 часа“.

Во твитот се наведува дека „комбинацијата од снег и леден дожд може да дојде во два брана во одредени региони“, како и дека снежната бура може да предизвика и до 2,5 сантиметри снег на час.

– Температурите ќе бидат од 20 до 30 степени под просекот во северноамериканските држави – посочува НМС.

Поврзани содржини