Снегот ги оштетил каблите и ги блокирал свртниците, нема возови на релација Скопје-Велес

Директорот на ЈП ЖМ Инфраструктура, Хари Локвенец, за МИА изјави дека нивни екипи работат на отстранување на дефектот од три часот изутрината.

447

Екипи на ЈП Железници Инфраструктура работат на отстранување на дефектот на оптиката што предизвика прекин на железничкиот сообраќај на релацијата Скопје-Велес и обратно од ноќеска пред полноќ. Конекциските кабли се оштетени поради тежината на снегот, што ги блокираше свртниците и не сообраќаат патничките и товарните возови на оваа релација.

Директорот на ЈП ЖМ Инфраструктура, Хари Локвенец, за МИА изјави дека нивни екипи работат на отстранување на дефектот од три часот изутрината.






– Поради тежината  на снегот  оштетени се конекциските кабли (оптички и енергетски). Очекуваме што поскоро да се отстрани дефектот, се работи цело време со сета расположива опрема – изјави Локвенец.

Поврзани содржини