Снегот ги одложи натпреварите во Првата фудбалска лига

Вториот дел од сезоната во ПМФЛ започна вчера со мечот во кој Работнички триумфираше како гостин над Академија Пандев во Струмица со 1:0.

202

Одложени се денешните пет натпревари од 19-то коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) поради обилните врнежи од снег на територијата на целата држава, соопшти претпладнево Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Дуелите Борец – Шкупи, Ренова – Беласица, Вардар – Пелистер, Силекс – Шкендија и Струга Трим – Македонија ЃП, што беа закажани за попладнево од 14 часот, ќе се одиграат идната недела во истиот термин.






Вториот дел од сезоната во ПМФЛ започна вчера со мечот во кој Работнички триумфираше како гостин над Академија Пандев во Струмица со 1:0.

Поврзани содржини