СМРТНО Е ПРЕГАЗЕНА 44-ГОДИШНА ЖЕНА Сообраќајка кај Костурино

206

Во СВР Струмица синоќа во 5 минути пред полноќ било пријавено дека на регионален пат Струмица – Валандово, пред село Костурино, струмичко, патничко возило „фолксваген пасат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.М.(46) од село Куклиш, струмичко, удрило во пешакот Р.С.(44) од село Јосифово, валандовско.

По несреќата Р.С. била пренесена во Медицински центар Струмица, каде што од лекар била констатирана смрт. Увид на местото на несреќата извршила екипа на Полициската станица Струмица, информира МВР.

Поврзани содржини