СМЕШНО Е ШТО 8 ГОДИНИ БЕВТЕ МИНИСТЕР, А СЕГА БАРАТЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА МВР Мицевски го потсети Спасовски дека во негово време не направил ништо добро
Aпсурдно е покрај сите овие работи, Спасовски да кажува како треба да биде во иднина ,а државата е вратена сто години наназад токму поради претходната власт, рече пратеникт Јане Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Владата има планирано доволна сума во буџетот за реформи во полицијата, во делот на јавната безбедност и во секторот за внатрешни работи, рече денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јане Мицевски на денешната седница на Комисијата за финансии и буџет, одбивајќи го амандманот на пратеникот Оливер Спасовски од СДСМ, за повеќе пари во буџетот.
– Колега, како што слушнавте овој амандман се одбива, оваа влада има предвидено пари за инвестиции во МВР. Ако погледнете добро, за реформи во полицијата има предвидено зголемување од 238 % во однос на 2024 година, во делот за јавна безбедност зголемување од 14%, во секторот за внатрешни работи зголемување од 58%, а во центарот за обука зголемување од 61% во однос на 2024 година. Конкретно, за опрема и машини повеќе една милијарда денари, а не како што вие барате во амандманот 10 милиони денари, така да десет пати повеќе имаме планирано – изјави Мицевски.
Тој истакна дека Спасовски додека бил на функцијата министер за внатрешни работи не направил ништо добро за државата, туку токму во тој период имало највисока стапка на криминал и корупција и многу неразрешени случаи.
Мицевски додаде дека е апсурдно сега Спасовски да кажува како треба да биде во иднина, а државата е вратена сто години наназад токму поради претходната власт.
– Нели е смешно и срамота, осум години бевте министер за внатрешни работи, сега да кажувате што треба да се смени и што треба да се инвестира? Од друга страна, сакам да ве потсетам што направивте вие за изминативе осум години како што сте министер. Најмногу криминални пресметки и убиства и нерешени случаи во историјата на Република Македонија, ниту еден фатен, ниту еден ставен во затвор, дадени еден тон пасоши на белосветски криминалци, кои шетаа како бизнисмени во Македонија. Во ваше време рекордни шверцувани опојни дроги, ваши најблиски соработници со службени коли фамилијарно одеа по одмори, ваши соработници началници сега се избркани од МВР затоа што давале тајни на криминални групи – рече Мицевски.