СЛУЧАЈ „СКОПСКИ ПАЗАР“ Никој не зборува за можно изземање на судијката Гајдова

Многумина познавачи на состојбите во македонското судство во случајот со претседателката Весна Дамева и судските случаи на нејзиниот сопруг очекуваа уште едно изземање на судија поради конфликт на интереси, но тоа до сега не се случи, пишува порталот МКД.

1,886

Одлука за случајот во кои се обвинети поранешни акционери на компанијата Скопски пазар, Апелацискиот суд во Скопје сè  уште не донесе. Покрај контроверзите кои досега го следат овој случај, спорно е и учеството на судијката Габриела Гајдова во советотот на Апелација, кој треба да одлучува по поднесената жалба, пишува порталот МКД.

Гајдова е избрана за судијка во Апелацискиот суд со глас и од Весна Дамева, а сега треба да одлучува за случај во кој управител на оштетениот е токму сопругот на Дамева и е во позиција да се „реваншира” на Дамева за силната поддршка при нејзиниот избор. Многумина очекуваа Гајдова да биде изземена од овој случај, но тоа не се случи.






Откако лани во јавноста се објавија информации дека кај Дамева има конфликт на интереси поради тоа што дел од судиите за кои таа треба да гласа за нивно унапредување постапуваат во предмети каде нејзиниот сопруг е странка или оштетен, во јуни 2023 година таа се иззема од гласањето.

Нема никаква информација и од претседателот на Апелацискиот суд во Скопје за можно некакво постапување во овој случај.

Поврзани содржини