Словенија утре ќе одлучи дали Македонците ќе може да влезат во земјата
Имено, во Словенија, по отворањето на границите по првиот бран на пандемијата, се појавија нови случаи на инфекција, кои според словенечките власти се поврзани со луѓе кои доаѓаат од други земји, пред се од Балканот.
Словенија утре би можела да донесе нови мерки за ограничување на влезот во земјата на граѓаните од некои земји, рече директорот на словенечкиот институт за здравство Милан Крек.
Имено, во Словенија, по отворањето на границите по првиот бран на пандемијата, се појавија нови случаи на инфекција, кои според словенечките власти се поврзани со луѓе кои доаѓаат од други земји, пред се од Балканот.
На прво место за забрана, доколку се земе состојбата со ковид-10, е Македонија каде во последните денови има зголемување и на заразените и на смртните случаи од коронавирусот.
Шефот на експертската група која ја советува словенечката влада за мерки за заштита против ковид-19, Бојана Беовиќ, исто така, потврди дека растот на случаи на коронавирус во некои балкански земји може да резултира во построги мерки за влез на граѓаните на тие земји во Словенија.
Реагираше и словенечкиот премиер Јанез Јанша, изјавувајќи дека „отворањето на границите го зголеми ризикот од уште еден бран на заразата“.
– Мерките што ги презедовме досега ќе бидат ефективни само доколку се применуваат буквално. Во спротивно, ќе бидат неопходни нови ограничувања во движењето – рече словенечкиот премиер Јанез Јанша.