СЛОВЕНЕЧКИОТ АС МАКА МАЧЕЛ ЗА ДА ОСЛАБИ 15 КИЛОГРАМИ Дончиќ не јадел по 16 часа дневно и правел кардио вежби

Тренингот на Лука Дончиќ вклучувал комбинирани кардио вежби и вежби со тегови, додека во делот со исхраната бил воведен таканаречениот „интермитентен пост“, 16-часовен период во кој не смеел да внесе ниту залче храна. Имал можност за јадење само 8 часа дневно.

860

Строги вежби без топка и 16 часа без храна дневно биле главните оружја на познатиот словенечки кошаркар против дебелината. Лука Дончиќ откри дека за само неколку месеци симнал 15 килограми, благодарение на режим што вклучувал кардио тренинзи, контрола на исхрана и привремено откажување од кошаркарскиот терен, јави „Нова.рс“.

Во интервју за словенечките медиуми, Дончиќ раскажа дека по Европското првенство морал целосно да се посвети на телесна подготовка, а тоа значело и промени во исхраната, па дури и краткотраен прекин на активното играње.






– Првпат во животот не играв кошарка еден месец – рече тој.

Тренингот вклучувал комбинирани кардио вежби и вежби со тегови, додека во делот со исхраната бил воведен таканаречениот „интермитентен пост“, 16-часовен период во кој не смеел да внесе ниту залче храна. Имал можност за јадење само 8 часа дневно.

Според информации објавени во словенечките медиуми, Дончиќ значително ја редуцирал количината на внесени калории, внесувал повеќе протеини, омега-3 масни киселини, магнезиум и други суплементи, а избегнувал шеќери и пржена храна.

Тој блесна со новото тело на Европското првенство, каде влезе во идеалната петорка со просек од 34,7 поени, 8,6 скока и 7,1 асистенција.

Промената ја забележале и тренерите и навивачите, кои велат дека ваквиот Дончиќ изгледа подготвен за Олимписките игри подобро од кога било.

Поврзани содржини