Словенечка актерка проговори за сексуалното насилство: Ме чекаше пред тоалетот
Таа не го именуваше професорот затоа што верува дека не е единствената што доживеала сексуално вознемирување.
Миа Скрбинац синоќа стана првата словенечка актерка што јавно проговори за нејзиното искуство со сексуалното вознемирување. Изјавта ја даде при нејзиното гостување на ТВ Словенија.
Таа изјави дека славен актер и професор по глума две години сексуално ја малтретирал за време на студентските денови на Академијата во Љубљана, пренесува СТА.
Говорејќи во емисијата „Тедник“, чии делови беа прикажани и во главните вести на јавниот сервис, актерката рече дека била изложена на психолошко и физичко насилство од страна на професор, кого не го именуваше, за време на часовите по глума и надвор од наставата во периодот меѓу 2014 и 2016 година.
– Ме чекаше пред тоалетот, во барот Драма и на други места – рече актерката.
Скрбинац, сепак, сè уште размислува дали да поднесе тужба против професорот.
Таа не го именуваше професорот затоа што верува дека не е единствената што доживеала сексуално вознемирување.