СЛОВЕНЕЦ УАПСЕН ПО ПРИЈАВА ДЕКА ЈА ТЕПАЛ СВОЈАТА ДЕВОЈКА Одреден му е осумдневен притвор

К.Г. (28), државјанин на Словенија, е упасен рано изутрината пред казино во Охрид, по пријава за насилно однесување.

5

Полициски службеници од СВР Охрид вчера изутрината, околу 06.30 часот, пред казино на улицата Абас Емин во Охрид го уапсија К.Г. (28), државјанин на Словенија. Полицијата постапувала по претходна пријава дека во станот, во кој престојувале во Охрид, агресивно се однесувал и физички ја нападнал неговата 21-годишна девојка.

Од Основен суд Охрид му била определена мерка притвор во траење од осум дена и бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Охрид за издржување на мерката, информира СВР Охрид.






Поврзани содржини