„СЛОБОДНИ СТЕ, МОЖЕТЕ ДА СИ ОДИТЕ“ Кривичен суд ја уважи амнестијата за обвинетите за „Организатори на 27 април“

Судот го прифати барањето на обвинетите во случајот „Организатори на 27 април“ да биде применет Законот за амнестија.

1,285

„Можете да си одите, слободни сте“. Ова денеска им го кажа судијата Илија Трпков на Миле Јанакиески, Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски и Владимир Атанасовски, обвинети во случајот „Организатори на 27 април“.

Судот го уважи барањето за примена на амнестија поднесена од обвинетите Вељаноски, Ристовски, Јанакиески и Атанасовски за кои се примени Законот за амнестија од 2018 година, со кој во друга постапка беа ослободени поранешни пратеници, како и водачи на протестите „За заедничка Македонија“.






– Јавното обвинителство како подносител на обвинението, по укинувањето на решението од овој суд, имаше неколку неодредени произнесување до амнестијата, сѐ додека на минатото рочиште не даде јасен предлог дека Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски и Миле Јанакиевски не треба да се амнестираат, бидејќи за нив важел законот. Сѐ уште сме на ставот дека интенцијата на законодавецот беше во никој случај организаторите да не се амнестираат. Но во Законот за амнестија во одредбите, има сврзник според кој Јавното обвинителство и Апелација сметаат дека овие обвинети не се лица кои постапувале спротивно на службените овластувања при вршење на кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок – рече судијата Илија Трпков.

Апелацискиот суд во април минатата година ја укина првостепената пресуда од јули 2021 година, со која поранешниот спикер Вељаноски беше осуден на шест и пол години затвор, екс министрите Јанакиески и Ристовски добија казна од 6 години и три месеци затвор, додека поранешниот директор на УБК Атанасовски шест години затвор, и предметот го врати на повторно судење.

Процесот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Искра Хаџи Василева.

ЕДИТ

Во првичната верзија на текстот беа наведени имињата на амнестираните пратеници и водачи на протестите “За заедничка Македонија”. По демантот на г-н Игор Дурловски, кој изјави дека никогаш не барал амнестија и добил ослободителна пресуда, текстот е едитиран со отстранување на наведените имиња. Причина за тоа е и фактот дека судијата Трпков не ги навел имињата на претходно амнестираните.

 

Поврзани содржини