СЛИКИ ВО ЗАМЕНА НА ВИСТИНСКО ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК НА ПОЛИЦИТЕ Нема кој да го донесе вистинкото во маркетите во Британија

Освен недостигот на возачи на товарни возила, Британија се соочува и со се помал број на собирачи и пакувачи, како и погони за преработка на храна, што доведува до мала достапност на некои артикли во супермаркетите.

1,237

Супермаркети во Велика Британија недостигот од намирници го заменија со картонски исечоци од овие производи за да го скријат празниот просотр на полиците наменет за нив.

Британските медиуми веќе  информираа дека таква појава веќе е забележана во синџирот „Teско“. На полиците за овошје и селенчук наместо производ има поставено слики моркови, портокали и грозје. Потрошувачите забележале лажни моркови во Факенхам, картонски аспарагус во Лондон, слики од портокали и грозје во Милтон Кејнс и 2Д шишиња течност за перење во Кембриџ.






Граѓаните објавуваат и фотографии од празни полици во некои од супермаркетите кои често ги посетуваат.

Причина за ваквата состојба во супермаркетите, како што  тврдат , е  недостигот од работници што доведува до слаба достапност на некои артикли во супермаркетите.

Освен недостигот на возачи на товарни возила, Британија се соочува и со се помал број на собирачи и пакувачи, како и погони за преработка на храна, што доведува до мала достапност на некои артикли во супермаркетите.

Проблемите во пристаништата, каде што управителите се борат да се справат со порастот на испораките за празничната сезона, исто така имаат недостиг на работници.

Медиумите пишуваат дека во традиционалните супермаркети, кои можат да чуваат повеќе од 40.000 производни линии, ја усовршуваат својата палета на намирници за да ја подобрат ефикасноста за да можат да ги намалат цените и поефикасно да се натпреваруваат со дисконтите како Aldi и Lidl, кои продаваат помалку од 3.000 различни производи.

 

Поврзани содржини