🎥 СЛИКА ИМА, ГЛАС НЕМА Дали некој се сеќава на ставот на Пендаровски за модуларната болница во Тетово?

Дали некој се сеќава дека излезе со некаков став или изјава по однос на модуларната болница и пожарот кој одзеде 14 животи на тетовчани? Или некој пак памети дали Стево Пендаровски освен што се сликаше со малиот генијалец од Тетово, Македон Димитриески нешто после тоа презеде? Тоа е доказ дека Стево Пендаровски беше претседател кој имаше само слика, а без глас, рече Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.

210

Денеска од Тетово сакам да поставам две прашања кои се однесуваат на сѐ уште актуелниот претседател Стево Пендаровски, порача Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.

– Дали некој се сеќава дека излезе со некаков став или изјава по однос на модуларната болница и пожарот кој одзеде 14 животи на тетовчани? Или некој пак памети дали Стево Пендаровски освен што се сликаше со малиот генијалец од Тетово, Македон Димитриески нешто после тоа презеде? Тоа е доказ дека Стево Пендаровски беше претседател кој имаше само слика, а без глас. За разлика од него, неговата противкандидатка профеорката Гордана Силјановска Давкова е жена која има став и жена чиј глас со будно внимание се слуша насекаде низ светот. Токму затоа сме денеска пред споменикот на „Жената борец” во Тетово, затоа што тоа е симбол дека Гордана Силјановска Давкова е жена борец и тетовчани знаат кој е изборот на следните претседателски и парламентарни избори. Изборот е јасен, изборот е бројот 2 за Македонија повторно да биде горда – рече Стојаноска.






Поврзани содржини