СЛЕДНОТО ЛЕТО СО ВОЗ ДО ЦЕНТАР Првата линија од Зелениково до Нова Железничка е веќе во изградба

Министерот Николоски ветува три линии кои ќе го поврзат целиот град.

886

НОВ ГРАДСКИ ВОЗ ЌЕ ГО ПОВРЗУВА СКОПЈЕ / Николоски најави старт на проектот што ќе го промени градскиот сообраќај

Вицепремиерот Александар Николоски најави дека во Скопје почнува изградбата на нов градски воз, кој ќе се користи за урбан сообраќај и ќе ги поврзе сите делови на градот преку постојната железничка инфраструктура. Проектот, како што рече во гостување на радио „Лидер“, е инспириран од моделите на модерните европски градови.






– Веќе почнавме со изградба на градски воз. Многу едноставно решение е градскиот воз. Ја реконструираме постојната железничка инфраструктура на едно друго ниво и ќе ја користиме за градски сообраќај – изјави Николоски, нагласувајќи дека проектот е практичен, брз и еколошки одговор на урбаните сообраќајни проблеми.

Николоски објасни дека градскиот воз ќе се движи по три линии кои ќе го покриваат целиот град, а првата делница веќе е во изградба.

– Во Скопје веќе има систем развиен како детелина. Од една страна оди Зелениково, Драчево, Лисиче, Кисела Вода, Аеродром, Нова Железничка. Втората линија оди од Железничка кон Автокоманда, Маџари, Скопје Север, Бутел, Илинден, Петровец. Третата оди кон Ѓорче Петров – рече министерот.

Според Николоски, првата делница од Зелениково преку Кисела Вода и Аеродром, која веќе се работи, ќе биде подготвена за употреба за шест месеци.

– Очекувам веќе следното лето од Зелениково до Нова Железничка да функционира градскиот воз. Идејата е линиите да се користат интензивно и често – додаде вицепремиерот.

Проектот, според најавите, треба значително да го растовари градскиот сообраќај и да го направи транспортот побрз, поевтин и поеколошки.

Поврзани содржини