СЛЕДНАТА ГОДИНА ЌЕ СЕ ИЗДАДЕ НОВА ЕВРООБВРЗНИЦА Димитриеска-Кочоска вели дека треба да се врати стар долг од 1,5 милијарди евра

Според министерката за финансии, тоа се долгови од еврообврзници внатрешени и надворешен долг во форма на кредити, како и државни записи кои со рочност до 12 месеци и кои, исто така во 2027 година се нешто околу 1,1 милијарда евра.

55

Владата сè уште не донеле одлука на Влада за нова еврообврзница но во план е да се издаде во март 2027 година, бидејќи во март доспева рокот за враќање на стара еврообврзница, а треба да се покријат и долгови од други преземени обврски, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска која рече дека наредната година треба да се врати долг од 1,5 милијарди евра за еврообврзница и за неколку кредити.

Изјавата доаѓа по обвиненијата на опозицијата дека владата планира да се задолжи со нови  1,3 милијарди евра.






-На седницата на Влада сè уште не сме го разгледувале, но излезе како податок за новата еврообврзница која  треба да се издаде во 2027 година. Долгот што го остави опозиција за 2027 е скоро 1,5 милијарда евра.Само во декември 2023 година  тогашниот министер за финансии потпишал 12 закони за задолжување кои поминале на собрание. Тоа се долгови кои тие ги имаат направено и ние треба да ги вратиме.  Ова е она што значи хартии од вредност, внатрешени и надворешен долг во форма на кредити, меѓутоа имаме и државни записи кои се со рочност до 12 месеци и кои, исто така во 2027 година се нешто околу 1,1 милијарда евра. Плус треба да се финансира планираниот буџетски дефицит од 3,5%. Затоа, невкусно е прашањето од опозицијата: Зошто ни треба 1,3 милијарда евра? – рече Димитриеска-Кочоска.

Димитриеска- Кочоска рече дека колку владата успева да се справи со долгот се гледа во процентот на долгот во БДП.

 

Поврзани содржини