Американскиот режисер Оливер Стоун ја прими руската вакцина против ковид-19 и изјави дека не разбира зошто ја игнорираат на Запад.
– Ја примив вакцината пред неколку дена. Сè уште не знам колку руската вакцина е ефикасна, но слушнав многу позитивни реакции за неа. Ми претстои да се вакцинирам уште една, ќе биде потребно да дојдам повторно – рекол Стоун.
Тој изјавил дека руската вакцина е корисна, пренесува „Спутник“.
– Не разбирам зошто на Запад ја игнорираат, печатот едноставно ги премолчува сите информации – рекол Стоун за рускиот „Прв канал“.
Претходно беше објавено дека трикратниот добитник на Оскар снима филм во нуклеарната електрана Белојарск во регионот Свердловск.